3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Словенски лекар примил две дози вакцина и пак се заразил

Лекар во Словенија, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се заразил со коронавирус откако претходно бил вакциниран со две дози на вакцина, потврдија во втората по големина болница во Словенија.

Според медицинските власти во оваа земја, реинфекцијата е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна и откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР тест, тие го следеле пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.

Лекарот како што информираат медицинските служби, неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека тој можеби бил заразен со јужноафриканскиот вид на вирус, што сè уште не е докажано.

Како што изјави микробиологот Цаја Шохар Шетник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, за состојбата на епидемијата со Ковид-19 на микробиолозите им треба најмалку една недела за да го следат геномот на вирусот и да ги потврдат видовите.

Анализата за можното присуство на нови соеви, се прави со издвојување на десет проценти од позитивни примероци од ПЦР тестирањата. Досега се пронајдени и потврдени вкупно 35 случаи на британскиот сој а ниту еден случај од јужноафриканскиот или бразилскиот вид на коронавирус па поради тоа се претпоставува дека новите соеви на коронавирус во Словенија не се многу проширени.

Епидемиолозите предупредија дека состојбата со нови случаи со Ковид-19 стагнира, а со тоа се намалува и бројот на смртни случаи додека пак состојбата во болниците се подобрува.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера пред парламентот изјави дека Словенија и Европа може да бидат погодени од третиот бран на епидемијата од Ковид-19 поради новите соеви на коронавирусот и дека тоа е сосема реално.

Спонзорирано: