21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Ковакс ги испрати првите дози на вакцини

Во првата испорака, меѓународниот механизам за обезбедување вакцини-Ковакс, испорача 600 илјади дози вакцини на компанијата „Астра Зенка“ во Гана.

Прогнозата на „индикациите за дистрибуција“ на Ковакс за првиот и вториот квартал на 2021 година вклучува над 130 земји во кои треба да се испорачаат 1,2 милиони вакцини на „Фајзер и Бионтек“ и над 350 милиони дози вакцини на „Астра Зенека“.

Преку Ковакс системот Македонија треба да добие 103.000 вакцини од „Астра Зенек“. Во првата половина на 2021 година, Србија треба да добие 345.600 дози од вакцината на „Астра Зенека“ од програмата Ковакс. По Србија, најголем број вакцини на „Астра Зенка“ треба да се дадат на БиХ (153.600 плус 23.400 дози на „Фајзер“), Албанија (141.600), Косово (100.800) и Црна Гора (84.000).

Спонзорирано: