19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Австрија: 4.000 жители во карантин поради појава на ново жариште на коронавирус

Властите на австриската покраина Тирол презедоа драстична мерка поради појавата на ново жариште на коронавирус во училиште во Мајерхофен им Цилертал и го ставија целото место во карантин.

Местото со околу 4.000 жители ќе биде изолирано најмалку седум дена.

Кој сака да ја напушти оваа општина, тоа ќе може да го стори само со негативен тест за корона.
Причината за драстичната мерка е појавата на жариште на коронавирусот во една градинка и средно училиште.

Потврдени се нови зарази во градинката и постои сомневање дека причината е јужноафриканскиот вид. Во целото место сега има 42 лица заразени со коронавирус.

Спонзорирано: