5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Крај на февруари, а Филипче и Заев не набавиле ни една вакцина

Крај на февруари, а Филипче и Заев не набавиле ни една вакцина, се грижат само за тендерите и процентите, одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е на врвот на лисатата на земји кои лошо се справуваат или не се справуваат со корона-кризата. Македонија е меѓу десетте земји од 220 кои ги следи престижниот ‘Џон Хопкинс’ или е рангирана како земја кадешто справувањето со последиците од короната е исклучително лошо. И во ваква ситуација на крај на февруари, Македонија има само околу четири илјади дози од вакцината против корона, и тоа донација од Србија“, велат од партијата.

Македонија, додаваат од таму, не успеала да набави ниту една вакцина.

„Ама Заев вели ќе штедел, не можел попусто да ги троши парите за вакцини, страв му било да не излезело на крај од толку порачки да има неколку пати повеќе вакцини од бројката на граѓани кои треба да се вакцинираат?! На истиот тој Заев за 24 часа му текна дека требало да ги набави вакцините и дал налог за нивна набавка, а истите му биле понудени, ама ги одбиле од Влада. На Заев, кој со Филипче за време на пандемија се занимаваат со тендери, проценти, со еден збор со криминал, никако да му текне дека едноставно треба да ги набави вакцините“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев и Филипче само лажат и зборуваат за некакви нарачки на вакцини.

Фактот е еден, додаваат од таму, а тоа е дека нема вакцини, ама има повеќе од три илјади починати граѓани од Ковид-19, а за ова Заев и Филипче мора да одговараат.

Спонзорирано: