15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Русковска: Побаравме притвор за Мијалков веднаш штом добивме сознанија за можно бегство

Шефицата на обвинителството, Вилма Русковска во изјава за Канал 5 вели дека немале законски основ порано да побараат притвор за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Не можеше претходно да биде даден предлогот затоа што обвинетиот уредно се јавуваше на сите рочишта и ги почитуваше сите мерки на претпазливост“, истакна Русковска.

Министерството за внатрешни работи, на својата веб страница во делот на потраги, попладнево ја ажурираше објавената потерница по поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, од национална во меѓународна потерница.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Спонзорирано: