10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Продолжена вонредната состојба во Унгарија поради зголемен број заразени од коронавирус

Унгарскиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирусот, а во тој период властите може да усвојат мерки, како што е полицискиот час.

На гласањето вечерва 133 пратеници од десничарското мнозинство гласаа „за“, а 55 пратеници беа против продолжувањето, објави германската новинска агенција ДПА.

Ова е вторпат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжи вонредната состојба.

Ситуацијата на коронавирусот во Унгарија се влоши. Властите денеска пријавија 2.623 нови случаи на зараза, речиси двојно повеќе од минатата недела.

4,5 илјади луѓе се хоспитализирани, што е за 606 повеќе од минатата недела.

Критичарите: Орбан ги злоупотребува овластувањата

Оние што се спротивставија на продолжувањето тврдат дека Орбан ги злоупотребува своите овластувања дозволувајќи ширење на корупцијата.

Вонредната состојба им дозволува на властите да затвораат ресторани и културни институции, а полицискиот час е во сила од 20 до 5 часот.

Спонзорирано: