20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

На скопскиот аеродром фатени шест лица од неколку земји со лажни ПЦР-тестови

Шест лица од четири држави вчера биле затекнати на скопскиот аеродром, приложувајќи фалсификувани ПЦР-тестови.

Во првиот случај, приведени се Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, Тетовско.

Со лажен ПЦР-тест вчера се обидела да ја премине границата и 21-годишнна девојка од Казахстан, како и двајца косовски државјани.

Фалсификуван тест на аеродромот доставил и 50-годишник од Турција.

Сите тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти полицијата.

Спонзорирано: