Centar.mk – Дознај сѐ!
Свет

Логар: Словенија сака да организира самит ЕУ-Западен Балкан за време на нејзиното претседателствување со Унијата

фото Pixabay

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, изјави дека за време на претседателството со ЕУ во втората половина од годинава неговата земја сака да организира самит на ЕУ и Западен Балкан.

„Од наш интерес е да организираме самит ЕУ-Западен Балкан, како и неформален самит на кој ќе разговараме за силна ЕУ што ќе може да реши различни кризи, од здравство до кибер“, рече Логар по седницата на Советот за надворешна политика во Брисел.

Тој рече дека суштинските подготовки за двата самита се веќе во тек и дека сепак треба да се разговара за конкретна агенда.