11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

СЗО: Богатите земји да не ја уништуваат програмата „Ковакс“

Шефот на СЗО ги обвини некои од богатите земји за поткопување на програмата „Ковакс“ за дистрибуција на антивирусната вакцина наменета првенствено за сиромашните земји.

Како што изјави, овие земји го прават тоа со директно обраќање до производителите со цел да си обезбедат повеќе дози.

„Некои богати земји им приоѓаат на производителите за да обезбедат дополнителни дози вакцини, што влијае на договорите со ‘Ковакс’“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, на заедничката видеоконференција со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Механизмот „Ковакс“ е воспоставен за да се избегне богатите земји да ги собираат сите вакцини што сè уште се произведуваат во премали количини за да може да ја задоволат светската побарувачка.

„Ковакс“ е механизам за финансирање кој треба да им овозможи на 92 земји со низок и среден приход да имаат пристап до вакцините. Но, поради недостиг на вакцини, првите вакцинации во сиромашните земји треба да почнат на крајот на месецот, а во многу богати земји, кампањите за вакцинација почнаа на крајот на 2020 година.

„Можеме да им доставиме вакцини на земјите преку ‘Ковакс’, само ако богатите земји соработуваат и ги почитуваат постигнатите договори“, рече шефот на СЗО.

Тој ги повика оние земји чии имиња не ги кажа да се осигурат дека нивното однесување нема да го наруши системот за дистрибуција на вакцините од „Ковакс“, со кој управуваат СЗО и сојузот за вакцини ГАВИ.

Спонзорирано: