5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
СВЕТ

Речиси 50 проценти од хоспитализираните во Италија заразени со британскиот вид коронавирус

Поради растот на бројот на новозаразени коронавируси со вирусот и особено зголемувањето на процентот на заразени со британскиот вид на вирус, италијанското Министерство за здравство размислува за продолжување и усвојување нови епидемиолошки мерки.

Од 17.000 хоспитализирани од коронавирус, речиси 50 проценти се заразени со британскиот вид, што е за 40 проценти повеќе од пред 10 дена.

Министерот за здравство Роберто Сперанца инсистира на заострување на рестриктивните мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Од него се очекува да предложи мерката за забрана на сообраќај меѓу регионите, која истекува за три дена, да се продолжи на уште 30 дена.

„Заразата брзо се шири, што го зголемува притисокот на болничкиот капацитет“, рече директорот на Здружението за инфективни болести, Масимо Андреони.

Андреони очекува бројот на новозаразени да се зголеми и во текот на март и предупреди дека меѓу нив има сè повеќе млади луѓе, кои се погодени од мутирани вируси.

Тој смета дека треба повторно да се разгледа затворањето на училиштата и преминот кон онлајн настава, пренесоа италијанските медиуми.

Спонзорирано: