Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Утре Александар Вучиќ ќе ни донесе вакцини на Табановце

фото Pixabay

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на вакцините од Србија.

Како што соопштија од кабинетите на двајцата премиери, Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини против коронавирусот за имунизација на граѓаните на Македонија.

По работната средба на граничниот премин, премиерот Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите.

Вучиќ пред околу еден месец ни понуди донација од 8.000 вакцини, но премиерот Заев рече дека вакцините ќе ги прифатиме и ќе ги платиме.

Можеби ќе ве интересира

САД фрлаат вакцини додека некои во светот уште ги чекаат првите дози

M T

Докторите предупредуваат: Се појавија нови симптоми на Ковид-19, ако ги забележите добро е да се тестирате

CENTAR MKD

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.557.028 дози вакцини, а ревакцинирани 45% од полнолетните граѓани во државата

M T