7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче откри со која вакцина тој би се вакцинирал

Ќе бидеме една од ретките земји која во прв момент ќе обезбеди значајна количина на вакцини за сериозно голем процент од населението, рече вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека нема резерва кон ниту една вакцина и оти би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во земјата.

Министерот посочи дека отворени се и за руската вакцина, но во овој момент, како што рече, нема да прават ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, од една страна за да се види како ќе тече процесот на имунизација и понатаму за да видат каква ќе биде динамиката со која ќе стигнуваат вакцините од другите инструменти.

– Апсолутно сме отворени и нема ниту скепса, ниту било каков сомнеж во која било вакцина вклучувајќи ја и руската — потенцира Филипче.

– Имаме обезбедено 800 илјади вакцини од Ковакс системот и за исто толку разговараме со компанијата „Фајзер“. Договорот го очекуваме практично секој ден, изминатиот период ни укажуваа дека се под голем притисок од сите земји во светот и тоа во овој момент е разбирливо. Така што, согласно динамиката на најавата за пристигнување на вакцините од другите системи во кои сме аплицирале и согласно динамиката на одвивање на вакцинацијата што ќе започне сега со овие вакцини кај нас ќе размислуваме за други механизми и дополнителни количини. Ќе направиме се што треба и така ќе биде дека откако ќе се почне процесот на вакцинација нема да запре – нагласи Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во август или на почетокот на септември би можеле да прогласиме крај на епидемијата

CENTAR MKD

ФИЛИПЧЕ ПРЕДУПРЕДИ: Летото ќе биде мирно, но секогаш може да се јави повирулентна мутација

CENTAR MKD

(ВО ЖИВО) Се заоструваат рестриктивните мерки – Обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски…

CENTAR MKD

Филипче обелодени кога почнува вакцинацијата во Македонија и кој прв ќе се вакцинира

CENTAR MKD

Филипче обелодени кој прв ќе се вакцинира во Македонија

CENTAR MKD

Се олабавуваат рестриктивните мерки – Филипче најави продолжување на работното време на кафичите

CENTAR MKD