10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Филипче: Вакцинацијата ќе почне со кинеската вакцина во февруари

Во завршна фаза сме од преговорите и во февруари првата количина што ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација, во согласност со веќе спремниот систем, ќе го почнеме со тие вакцини, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој истакна дека многу бргу ќе се знае и точниот датум на испорака на 200 илјади вакцини по што јавноста веднаш ќе биде информирана. Со тоа ќе почне вакцинирањето на сите приоритетни групи.

Во однос на набавката на кинеските вакцините, Филипче рече дека државата ја презема обврската за спроведување на целата логистика за транспортот. Договорот е директен меѓу компанијата и Министерството за здравство.

На прашањето каков пристап има земјата кон тоа што неколку европски земји се изјасниле дека вакцината на „Астра зенека“ нема да ја даваат на населението над 64-годишна возраст, министерот Филипче потенцира дека тоа е став на неколку национални агенции од неколку европски земји. Тој рече дека сѐ уште не е влезено во официјалното упатство, меѓутоа сигурно дека ќе се следат насоките од официјалните европски агенции.

Министерот Филипче рече дека засега немаме разговори за руската вакцина.

„Меѓутоа, сакам да потенцирам дека буквално сите вакцини што сега се на пазарот се безбедни. Немаме задршка кон ниту една вакцина. Сите се развиени на безбедни платформи, едноставно многу тешко се стигнува во овој момент до вакцините. Еве и овие преговори што ги водиме со ‘Фајзер’, а ги завршуваме со кинеската компанија, се навистина тешки и бараат многу детали поради тоа што и самите компании се под огромен притисок. Нема политика, сите вакцини се безбедни и секогаш здравјето е приоритет“, рече Филипче.

Спонзорирано: