11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Избувна најактивниот вулкан во Индонезија

Најактивниот вулкан во Индонезија, Мерапи на островот Јава, повторно почна да испушта облаци со врела пареа и топла лава кои се спуштаа низ падината во должина од 1.500 метри.

„Тоа беше најдолгиот проток на лава на планината Мерапи откако властите го подигнаа нивото на опасност од овој активен вулкан во ноември“, рече Ханик Хумаида, шефица на Центарот за вулканологија и геолошко ублажување на опасностите.

Засега, нивото на готовност е на второто највисоко ниво, рече таа и истакна дека населението треба да се држи настрана од постојната опасна зона од 5 километри околу кратерот.

Најактивниот индонезиски вулкан на планината Мерапи со надморска височина од 2.968 метри се наоѓа на густо населениот остров Јава и во близина на градот Јогјакарта, а во последно време еруптираше неколку пати со облаци лава и гас.

За време на неговата последна голема ерупција во 2010 година, загинаа 347 лица, а 20.000 жители беа евакуирани.

Индонезија, архипелаг со повеќе од 250 милиони жители, се наоѓа во таканаречениот огнен појас на Пацификот, област на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции, во која научниците следат повеќе од 120 активни вулкани, наведува агенцијата.

Спонзорирано: