Centar.mk – Дознај сѐ!
Коронавирус Свет

Русите тврдат дека нивната вакцина „Епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

фото Pixabay/илустрација

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор Роспотребнадзор, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави руската новинска агенција ТАСС.

Русија во ноември започна масовно тестирање со вакцината „Епивакорона“, развиена од Институтот Вектор во Сибир.

Москва претходно објави дека нејзината вакцина „Спутник В“ е ефикасна 92 проценти.