13.8 C
Скопје
18. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Култура

Конкурс за комедија од македонски автор

Театар Комедија – Скопје објавува Конкурс за избор на комедија од македонски автор со цел да се стимулира жанрот комедија и да се промовираат домашните автори.

Конкурсот е отворен до 30 мај 2021 за сите комедиографи – државјани на Република Северна Македонија. Секој автор има право да конкурира со по една комедија, напишана на македонски јазик, која претходно не била изведувана или објавувана.

Од пристигнатите комедии комисијата ќе одбере еден драмски текст, кој ќе има своја премиера на сцената на Театар Комедија во текот на 2022 година.

Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примерока, со назнака: Конкурс – комедија и шифра. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи посебен затворен плик означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име и презиме, адреса, контакт телефон, е-пошта и кратка биографија на авторот).

Текстовите да се испраќаат по пошта на следнава адреса: Театар Комедија – Скопје, бул. „Климент Охридски“ бб, Скопје, најдоцна до 16 часот на последниот ден од рокот за пријавување.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени 30 дена по неговото завршување.