14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО ДПМНЕ со својата партиска постава во МРТ сака незаконски да избере директор

За утре изутрина е закажана седница на Програмскиот совет при НРТВ (МРТ), надлежен орган за избор на директор на јавниот сервис, со цел да се разгледа можноста да распишување конкурс на нов директор. Но, ако Советот се дрзне тоа да го направи целиот процес ќе биде спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Но, дали членовите на Советот, инаку сите избрани во време кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, ќе ги интересира законот, или тие имаат наредба за спроведат партиска агенда, да го реализираат она што го замислил Христијан Мицкоски, а тоа е да изврши упад и да ги присили членовите да распишат конкурс, иако тоа не е законски.

Ваквиот обид на Програмскиот совет, според професорот по управно право Борче Давитковски е спротивен на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пренесува порталот 360 степени. .

„Одредбата е јасна. Прво да се изберат органите, па директорите. Ним по сила на закон им е продолжен мандатот. Не може да бираат нов директор кога на постоечкиот му е врзан мандатот со мандатот на Програмскиот совет. Тие имаат мандат до избор на нов Програмски совет, којшто ќе распише оглас за избор на нов директор. Законодавецот тогаш по сила на закон им го продолжил мандатот се до нов избор“, вели Давитковски за 360 степени.

Во членот 43 од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги се наведува: „Постојните членови на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги, како и членовите на Програмскиот совет и директорот и заменик на директорот на МРТ ја вршат функцијата до изборот на членови на Советот и директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и членови на Програмскиот совет и директор и заменик на директор на МРТ“,

Некои експерти коментираат дека преку Програмскиот совет, врз кој се уште контрола има ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски се обидува да ја задржи партизираноста на националниот сервис. Ако Советот одлучи да распише конкурс и ако го спроведе извесно е дека ќе биде избран приврзаник на опозицијата, а тоа ќе биде направено спротивно на закон.

Дека нешто е погрешно во целата ситуација потврдува и актуелниот директор на јавниот сервис, Марјан Цветковски, кој за 360 степени предупредува дека таква одлука би можела да ја блокира работата на МРТ. Инаку, Цветковски е избран на позицијата директор токму од овој Програмски Совет и важи за кадар на ВМРО ДПМНЕ. Советот за утре има закажано седница за да одлучи дали ќе биде распишан конкурс за избор на директор.

Актуелниот директор на МРТ (НРТВ), Марјан Цветковски, смета дека законот е јасен. Тој предупредува дека евентуален избор на негов наследник, пред Собранието да го изгласа новиот состав на Програмскиот совет, може да има негативни последици врз работата на јавниот сервис.

„Сериозен проблем е како Советот ќе постапи – дали според закон или по нивно некакво убедување. Јас и досега сум ги почитувал одлуките на Програмскиот совет, но треба да се има предвид дека една таква одлука е сериозно дискутабилна и може да предизвика сериозни последици во понатамошното функционирање“, вели Цветковски за „360 степени“.

Инаку, изборот на нови раководни тела на МРТ и на АВМУ е во процедура во Комисијата за избори и именувања, уште за време на претходниот состав на Собранието, кога со ова тело раководеше пратеник од опозицијата.

Претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов, за „360 степени“ вели дека со оглед на новиот собраниски состав, постапката за избор на членови на раководните органи на МРТ и на АВМУ ќе мора да почне одново.

„Согласно Деловникот, сите акти што се преземени од претходен парламентарен состав, со изборот на нов, прекинуваат и мора да се распишат одново. Во духот на демократските вредности, во координација и комуникација со координаторите на пратеничките групи во Собранието и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а согласно со нашите деловнички можности и законски обврски, ќе делуваме по овие две точки“, изјавил Костадинов.

Во актуелниот состав на Програмскиот совет на МРТ членуваат Смилка Јанеска-Саркањац, Ведат Мемедалија, Снежана Клинчарова, Ристе Панов, Златко Јанковски, Ивана Трајковска, Косана Мазнева-Николиќ, Јагнула Куновска, Анита Латифи, Гајур Рамадани, Илир Рамадани и Селим Керим. Со еден збор проверена партиска екипа на ВМРО ДПМНЕ преку која Мицкоски ќе се обиде и понатаму да ги влече конците во јавниот сервис.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T