5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Партизирањето на пописот е штетно, тој ни треба за да бидеме нормална држава

„Неразумно и штетно е зошто некоја политичка партија го партизира пописот, зошто го политизира, пописот не се избори, и не е добро никој да го бојкотира. Јас не гледам друг ефект од бојкотот, освен да има помалку етнички Македонци.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за вестите на Канал 5.

Дополни дека Северна Македонија не е единствената држава која ќе организира попис оваа година, но и тоа дека целиот процес ќе биде спроведен според здравствените протоколи. Пописи има закажано во Бугарија, во Романија, но и постои предупредување од ЕУ дека годинава мораме да имаме попис, но со оглед дека на есен имаме локални избори, терминот во април останува како единствено решение.

Подготовката на пописот се одвива врз основа на научени лекции и грешки од минатото, пред се од неуспешниот попис во 2011 година кога целата операција беше политичка наместо статистичка. И тогаш политичарите одлучуваа за пописот што се покажа како лош пример. Овој концепт сега ги избегнува политичките влијанија, затоа што сакаме сакаме веродостојни статистички податоци. Се што правиме, правиме по европски стандарди, според Еуростат, и методологијата според која ќе се спроведе е европска исто, а пописот ќе го спроведат стручни лица. Пописот мора да биде, од секој дом, од секој стан, од секој граѓанин, валиден, поинаку не можеме да си дозволиме. Нам овој попис ни треба за да бидеме нормална држава и да креираме политики за иднината“- рече министерот Маричиќ.

Спонзорирано: