7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
rpt
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Обидот за партизирање на пописот е неразумен и штетен со крајна цел да има помалку етнички Македонци

„Неразумно и штетно е зошто некоја политичка партија го партизира пописот, зошто го политизира, пописот не се избори, и не е добро никој да го бојкотира. Јас не гледам друг ефект од бојкотот, освен да има помалку етнички Македонци.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за вестите на Канал 5.

Дополни дека Северна Македонија не е единствената држава која ќе организира попис оваа година, но и тоа дека целиот процес ќе биде спроведен според здравствените протоколи.

„Нема само ние да правиме попис, од она што го знам Романија има закажано, исто и Бугарија, но имаме препораки од членките на ЕУ да не преминеме со пописот во 2022 година, затоа некои држави може неколку месеци да го одложат, но ние имаме локални избори на есен, затоа е неопходно сега.“- заклучи Маричиќ.

Спонзорирано: