7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
pixabay
СВЕТ

Отишол на забава, па татко му го нашол во локва крв – младо момче убиено во Нов Белград

22-годишниот И.Т. кој синоќа бил тешко ранет почина во Ургентниот центар во Белград како последица од прободување, а неговиот татко го пронашол на плочник пред зграда во Нов Белград.

Момчето, кое во тој момент давало знаци на живот, префрлено било со приватен автомобил во Ургентниот центар, но половина час подоцна дежурната екипа констатирала смрт.

Според првите информации од истрагата И.Т. имал убодни рани во пределот на главата.

И.Т. според неофицијални информации вечерта ја поминал во еден стан во Нов Белград каде наводно била организира забава по повод прослава на стара Нова година.

Засега не е познато што се случувало на забавата и како момчето се здобило со убодните рани.

Спонзорирано: