13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Навални: Ќе се вратам во Русија на 17 јануари

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални објави дека на 17 јануари ќе се врати во Русија од Германија, каде што му беше укажана помош откако беше наводно отруен.

Тој на „Инстаграм“ напиша дека целосно закрепнал и дека е време да се врати во Русија, и покрај бројните правни постапки што го очекуваат.

Навални, еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше пренесен во Германија во август откако се онесвести во авион од Сибир до Москва, наведува „Ројтерс“.

Навални рече дека руските затворски власти побарале од судот да го затвори бидејќи тој наводно ја прекршил условната казна што ја издржува.

Германија и другите западни земји тврдат дека станува збор за обид да се убие со нервен агенс од советската ера, новичок.

Спонзорирано: