20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Словенија ќе ја добие вакцината од „Модерна“

Словенија до крајот на февруари ќе добие 26.000 дози од новоодобрената вакцина против коронавирус од производителот „Модерна“.

Европската комисија и „Модерна“ се согласија на испорака од 80 милиони дози со можност за зголемување на уште 80 милиони. Словенија има право на 369.767 дози од секоја залиха.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ на 6 јануари, а нејзината дистрибуција меѓу земјите-членки ќе започне следната недела. Ова е втора вакцина против коронавирус одобрена во ЕУ, а кампањата за вакцинација со вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“ официјално трае од 27 декември.

Американско-француската фармацевтска компанија ја извести Европската комисија и земјите-членки дека нејзините производствени капацитети се ограничени, што влијае на снабдувањето на пазарот на ЕУ.

Спонзорирано: