13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Северна Кореја побара вакцина против коронавирус, иако тврди дека нема ниеден случај

Северна Кореја, и покрај тоа што тврди дека нема пријавено случаи на коронавирус, побара вакцина против Ковид-19 од Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ), кој им помага на земјите во развој да го зголемат пристапот до имунизација, објави „Волстрит журнал“.

Сепак, ГАВИ, со седиште во Швајцарија, не даде изјава за ова прашање.

Во декември минатата година, сојузот за имунизација објави дека направил аранжмани за пристап до скоро две милијарди дози вакцини против коронавирус во име на 190 економии – 98 земји со високи приходи и 92 економии со ниски и средни приходи.

Сојузот се очекува да испорача 1,3 милијарди дози одобрени вакцини во 2021 година до 92 економии со низок и среден приход што ги исполнуваат условите за глобален пристап до вакцините против Ковид-19.

Сојузот, чиј дел е Северна Кореја, досега потпиша договор со „Астра зенека“ за 170 милиони дози и меморандум за разбирање со „Џонсон и Џонсон“ за 400 милиони дози, пренесува „Индипендент“.

Првите испораки на вакцини што ќе ги дистрибуира ГАВИ, во зависност од правните процеси во секоја земја, треба да започнат во првиот квартал од 2021 година.

Во меѓувреме, режимот на Ким Џонг-ун демантираше дека има случаи на коронавирус и покрај тестирањето на илјадници сомнителни случаи, за кои многумина се сомневаат.

Во март минатата година, South China Morning Post објави дека околу 200 севернокорејски војници починале од коронавирус, и дека илјадници други биле ставени во карантин. Раководството тврди дека не е погодено од пандемијата.

Земјата ги засили граничните мерки и го забрани меѓународното патување кон крајот на јануари минатата година, со цел да се зачува кревкиот систем на здравствена заштита.

Северна Кореја исто така презеде поостри мерки за да го спречи влегувањето на новиот вирус во земјата, вклучувајќи и егзекуција на службени лица за кршење на карантинските правила.

Спонзорирано: