9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи и на починати од коронавирус

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9 проценти во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 града во државата со намалување од 30,9 отсто во однос на минатата недела, а повеќето од регистрираните случаи се од Скопје – 46,6 отсто.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21,6 % намалување од 4,1 % во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 (n=440; 18,9 %), 40-49 (n=404; 17,3 %), 30-39 (n=392; 16,8 %) и 20-29 (n=263; 11,3 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=38; 1,6 %) и од 10 до 19 години (n=104; 4,5 %).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица, кои биле хоспитализирани или се на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9 % во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50 до 59 години, 4 лица на возраст од 40 до 49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Детаљниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија, се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Спонзорирано: