15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Израел издаде дозвола за употреба на вакцината на „Модерна“

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека израелското Министерство за здравство ја одобрило вакцината за употреба, што е трето одобрување за вакцините на оваа компанија и прво надвор од Северна Америка.

Вакцините на „Модерна“ претходно беа одобрени во САД и Канада, а постапката за издавање дозволи во ЕУ, Сингапур, Швајцарија и Велика Британија е во тек.

Вакцинацијата на населението во Израел започна со темпо што се смета за едно од најбрзите во светот, со план да се вакцинираат најранливите граѓани на Израел до крајот на јануари.

Вакцинацијата започна на 19 декември со вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Компанијата „Модерна“ најави зголемување на минималното производство на вакцини за 100 милиони дози.

Наместо плановите за производство на најмалку 500 милиони дози на вакцина во 2021 година, „Модерна“ најави дека долната граница на производство ќе биде 600 милиони дози.

Компанијата затоа одлучи да инвестира во нови производствени капацитети и да ангажира дополнителна работна сила со цел да произведе и испорача дури милијарда дози оваа година.

Спонзорирано: