3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент – дел од новотворените работни места!

Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент – дел од новотворените работни места!

Новата година носи и нови можности за вработувања! Магационер/возач, маркетинг специјалист, производен инженер, офис асистент се само дел од отворените работни позиции во почетокот на оваа година. Во продолжение KARIERA.mk  Ве информира за деталите околу новите работни места!

ПАБЛИК МЕДИА објавува оглас за работа на позиција за:
МАГАЦИОНЕР / ВОЗАЧ

CMX SOLUTIONS компанија која на пазарот во Македонија веќе 5 години успешно работи во доменот на давање кориснички услуги продолжува да го зголемува својот тим. Во моментов, со цел проширување на нивниот  тим се во потрага по:
РАБОТНО МЕСТО ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

АСПЕКТУС ФАРМА  e иновативна, кооперативна компанија со висок интегритет, што овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании. За потребите на своето работење, во моментов има отворено повеќе работни позиции. Дел од нив се:
ОПЕРАТОР НА РАЗМЕРУВАЊЕ
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
КООРДИНАТОР ВО ПАКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
КООРДИНАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО НА ЦВРСТИ ФАРМАЦЕВТСКИ ДОЗИРАНИ ФОРМИ

 

фото Pixabay / илустрација

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Во моментов, има отворена работна позиција за:
МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ

DEKRA во Македонија е лидер во областа на човечките ресурси. Основана е во 2006 година одстрана на DEKRA Arbeit Group со седиште во Штутгарт, Германија. За потребите на своето работење е во потрага по следните работни позиции:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ
ОФИС АСИСТЕНТ
ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА РАДИО МРЕЖА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ  е голем производител на автобуси во Европа, нудејќи комплетен асортиман на автобуси за јавен превоз за меѓународните пазари. Овој белгиски реномиран производител на автобуси со повеќе од 4500 вработени, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место:
ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР

фото Pixabay

EURO AKTIVA DOO е компанија  со седиште во Скопје, Македонија. Основна дејност на компанијата е трговија со нафта, нафтени продукти и горива за транспорт и веќе е докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. Во моментов има потреба од:
ПУМПАШ ВО БЕНЗИНСКА ПУМПА АКТИВА ПЕТРОЛ