12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Анализа: СДСМ уште појјака во Штип – Владејачката партија доби 15-20 отсто повеќе гласови од парламентарните избори оваа година

Се зголеми поддршката на СДСМ во Штип. И покрај коронавирус кризата, која насекаде во Светот резултираше со помала излезност на изборните циклуси, владејачката СДСМ доби за 15-20 отсто повеќе гласови во однос на парламентарните избори кои се оддржа во јули во овој град. Сето ова се случува за време на коронавирус пандемија, но и многу скапа и силна кампања за бојкот потплатена од опозицијата и засилена со кампањи од опозициските медиуми кои функционираат под капа на унгарски фирми.

На парламентарните избори оддржани на 15. јули 2020 во Општина Штип, СДСМ освои 10.077 гласа, а ВМРО ДПМНЕ освоија 10.141 глас.

Според последните податоци на официјалната страница на Државната изборна комисија, на предвремените локални избори во Штип, СДСМ со Сашко Николов освои 11.626 гласа, но по обработени 99 отсто од гласовите.

Доколку се пресликаат овие резултати на национално ниво и СДСМ освоел повеќе 10-15 отсто гласови на парламентарните избори, сега владејачката СДСМ би имала многу повеќе пратеници.

Допрва, треба да покажат анализите, дали дел од симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ на овие избори се претопија кон Интегра, која освои над 1.000 гласови на овие избори со кандидатот Симон Поликарп.

По овие избори појасни се две работи, СДСМ како владејачка партија доби трасиран пат за полесна победа на претстојните локални избори кои ќе се оддржат во 2021 година, а Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ нанижија уште еден пораз во серија по претседателските, локалните и парламентарните избори, иако не учествуваа на овие избори, беше поразена политиката на бојкот и блокади.

Иако во опозициската ВМРО ДПМНЕ, мислеа дека без нив е невозможен цензус, се покажа деа ВМРО ДПМНЕ и не е толку неопходна за обезбедување на цензус, со што се отвора пат за нови про-европски десничарски опции кои во иднина би биле замена за опозициската ДПМНЕ, доколку партијата во блиска иднина не се реформира и отргне од сенката на бегалецот Никола Груевски.

Спонзорирано: