7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утре средба на Филипче со координативното тело за вакцината за Ковид 19

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид 19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација. На состанокот ќе се разгледаат и искуствата на европските земји во делот на подготовките за вакцинација, по што јавноста ќе биде информирана за оперативниот план за вакцинација за Ковид 19.

Спонзорирано: