9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Скандал без епилог во Германија – свештеник четири години сексуално злоупотребувал дете

Скандалозен случај со сексуална злоупотреба во Католичката црква во Германија кој беше откриен пред 10 години никако да добие разврска. Неодамна, надбискупот во Келн вети опсежна истрага за ова. На крајот беше одлучено резултатите од истрагата да останат тајни.

Страшната приказна од Германија ја пренесува „Дојче веле“. Свештеникот со години сексуално го злоупотребувал момчето. Потоа го принудил да се исповеда. Покајувањето понекогаш подразбирало дека детето повторно морало да дојде кај истиот свештеник, кој ги повторувал злоупотребите.

Но, тоа е само почеток на приказната за злоупотреба во рамките на Католичката црква и нејзиното прикривање.
Сè започнало, како што тврди жртвата, во раните 60-ти години. Тој имал 11 години, а злоупотребата траела до неговата 15-та година во религиозен интернат во Бон.

И тој не е единствениот што го злоупотребиле.

„Не можевме да го опишеме со зборови, не знаевме како да го наречеме или што значи. Имавме само болка и чувство на понижување што тие нè искористуваа“, вели жртвата.

Пред точно 10 години во Германија беше откриен најголемиот скандал со сексуална злоупотреба во Католичката црква. Пред две години, Рајнер Марија Воелки, архиепископ во Келн, објави истражување за случаи на сексуална злоупотреба во неговата епархија, под која потпаѓа и интернатот во кој свештениците го злоупотребувале човекот од почетокот на приказната, кој тогаш имал само 11 години.

Но, ништо не е сторено во врска со тоа. Истрагата останала тајна, на жртвите им било кажано дека истрагата не е „правно безбедна“ и содржи „недопуштени предвремени осудувања“. Резултатите од истражувањето за злоупотребата останале тајна. Човекот од почетокот на приказната, момче кое со години било злоупотребувано од свештеници, морало повторно да помине низ сè, повторно било трауматизирано.

„Не можев да ги расчитам работите со насилникот, бидејќи тој почина. Но, сè уште чекам институцијата што мирно го гледаше сето тоа и го овозможи, да се преземе одговорност“, вели тој.

Спонзорирано: