13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хоспитализирани уште 38 пациенти во Скопје, вкупно се лекуваат 480 лица

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 38 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа три пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид-центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 5 нови болни во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 9 деца и 24 возрасен.

Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, информираат од Министерството.

Спонзорирано: