12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на бугарската страна

Не е точна информацијата која ја пренесоа неколку интернет портали.

Владата го демантираше текст на порталите Инфомакс, Курир, Република, Експрес, Весник, Нетпрес и Лидер, при што го отфрли како полн со невистини и дезинформации.

“Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”., се вели во соопштението на Владата, од каде и што додаваат дека “За манипулативната намера на овие текстови говори и фактот што некои од позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година”.

Ваквите вести биле проширени на неколку медиуми блиски до опозицијата.

Спонзорирано: