13.8 C
Скопје
18. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Македонија Анализа Во тренд...

Додека по болниците починаа рекордни 41 човек, Христијан Мицкоски организираше митинг со групирање на повеќе од 300 луѓе

Додека Македонија се бори со опасниот коронавирус, кој буквално пламти низ Балканските земји и денес беа регистрирани бројки од рекордни 41 починат и 1022 новозаразени, лидерот на опозицијата кој само пред една недела побара полициски час продолжи со организацијата на масовни собири кои траат од почетокот на коронавирус кризата, изборите, па се до ден денес.

Денеска Христијан Мицкоски во Скопје пред Владата организираше протест на кој беа насобрани околу 300 граѓани со што беше прекршен закононот за здравствена заштита во време на пандемија, односно флагрантно беше прекршена мерката за забрана за групирање на повеќе од 4 лица.

Со овој чин ВМРО ДПМНЕ го стави во опасност здравјето на присутните граѓани, но и граѓаните кои во иднина би имале контакти со овие луѓе. Незамисливо е колкава би била штетата доколку имало заразени или преносители на вирусот за време на протестот.

Самиот Христијан Мицкоски пред само една недела побара полициски час со кој граѓаните би се затвориле во своите домови, а овие денови тој организира масовни собирања.

-Каква е разликата помеѓу свадба, веселба и протест на кој се собираат стотици граѓани?, се прашуваат граѓани на социјалните мрежи.

И додека Мицкоски една недела го обвинува Филипче за пандемијата, а другата организира опасни собири, членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Вело Марковски во една прилика неодамна, во интервју за ТВ24 соопшти дека коронавирусот не е опасна болест.