5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со што вкупниот број на случаи се искачи над 60 милиони.

Според СЗО, повеќе од 11.000 луѓе починале како резултат на инфекција со коронавирусот, а вкупно повеќе од 1,41 милион луѓе го загубиле животот, пренесува агенцијата ТАСС.

Најголем број заразени лица за еден ден, според СЗО, е забележан на 14 ноември – 646.154.

Податоците објавени од СЗО, како што истакнува оваа организација, се засноваат само на потврдени податоци што ги добиваат од официјалните извори на секоја од земјите. Во Јужна и Северна Америка се повеќе од 40 проценти од вкупниот број нови случаи, околу 236.000. На второ место е Европа со 234.400 случаи, следна е Југоисточна Азија со 56.019 нови инфекции.

Спонзорирано: