23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 836 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците, кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола хоспитализирани се 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип хоспитализирани се 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид-центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 81 пациенет, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.314 и има околу 130 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминатите десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството за здравство.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T