12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМА

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21 декември. Меѓу нив се и затворање на рестораните и кафулињата, училиштата, фитнес центрите и спортските сали.

„Овие мерки, кои планираме да стапат на сила во сабота, на 28 ноември, ќе траат до 21 декември. Сега се обидуваме да направиме напори во пресрет на Божиќ што ќе ни овозможи ефикасно да се бориме против вирусот“, изјави Пленковиќ.

Ова се дел од новите мерки: забранети се сите настани и собири со повеќе од 25 лица, на приватни собири дозволено е присуство на максимум 10 лица, задолжително носење маски, забрана за свадби, на погреби се дозволени максимум 25 лица, пекарите ќе работат до 22 часот.

Бројот на посетители во кино-салите и театрите се ограничува и се препорачува да се работи од дома или во смени.

„Сите овие мерки ќе бидат во сила најмалку до 21 декември. Ако бројот на заболени падне дотогаш, можеме да размислиме за укинување на некои од мерките. Во спротивно, тие ќе останат на сила“, објасни Пленковиќ.

Во Хрватска денеска се потврдени 4.009 нови случаи на коронавирус, а починале 51 лице.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Земјотрес во Херцеговина, почувствуван и во Хрватска

M T

Маж застрелан на популарна плажа во Хрватска, починал на пат кон болница

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T