7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СЗО: Време е за најстроги мерки

Во претходните седум дена, повеќе од четири милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус, што е најмногу за една недела од почетокот на пандемијата, објави СЗО.

СЗО објави дека 4.060.891 лице биле заразени со коронавирус минатата недела и дека 67.221 пациент починал во истиот период, пренесува Тас.

фото Pixabay / илустрација

Една недела порано, потврдени се 3.977.223 нови случаи на заболени и 59.699 смртни случаи. СЗО, сепак, смета дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.

Тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од ковид 19.

Спонзорирано: