9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТСПОРТ

Светот во тага: Почина Марадона

Диего Армандо Марадона, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 години откако претрпил срцев удар.

Марадона како капитен ја предводеше Аргентина до втората светска титула на Мундијалот во Мексико во 1986 година, кога постигна гол со рака во четвртфиналето против Англија, што останува еден од најконтроверзните моменти во историјата на фудбалот.

Роден во сиромашно маало на Буенос Аирес на 30 октомври 1960, Марадона од мали нозе покажувал дека е несекојдневен талент, што потоа го искористи за да стане еден од најдобрите и најобожувани фудбалери на сите времиња, играјќи за Бока џуниорс, Барселона, Наполи и Аргентина.

Во 21 година кариера, тој постигна 346 голови на 679 натпревари, но таа беше обележана и со скандали, главно поради користење кокаин.

Спонзорирано: