15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТ

Бајден ја „воскреснува“ Југославија, ќе влезат 6 балкански земји, а Белград ќе биде седиште!?

Поранешниот балкански дипломат Тимоти Лес вели дека регионот, под раководство на новиот американски претседател Џо Бајден, ќе биде еден вид „ЕУ-Југославија“ – нов мултиетнички ентитет, тесно поврзан со ЕУ, кој вклучува шест земји од Западен Балкан, со седиште во Белград.

– Нема да биде нова Југославија, која беше производ на своето време. Но, фактите на теренот ќе го принудат Бајден да се врати во логиката на блиското минато и да се заложи дека ќе создаде сопствена инкарнација на 21-от век – новата „ЕУ-Југославија“ – пишува Лес во авторски текст за openDemocracy.

Нова реалност

Лес истакнува дека несомнено е дека администрацијата на Бајден ќе сака да го откаже она што го стори претходниот шеф на Соединетите држави, Доналд Трамп, дека некои веќе предвидуваат отфрлање на Србите и „нивните соништа за нов територијален договор“, но дека таквото размислување ја игнорира новата стратешка реалност.

Тој додава дека, бидејќи европската интеграција е прекината од различни причини, Србија во меѓувреме ја обнови својата позиција како најистакната земја на Балканот по појавата на силен лидер кој стави крај на хаосот од 2000-тите и периодот на структурните реформи.

Лес исто така посочува дека Србија се вклучила во „проникливо дипломатско маневрирање“, што и овозможило да ја користи поддршката на незападните сили кои сакаат присуство на Балканот: Русија, Кина, Турција. Тоа, додава тој, ја зајакна позицијата на Србија во однос на Соединетите држави.

– Ако претседателот Бајден сака да остане верен на американската цел да воспостави некаков траен мир на Балканот, што овозможува негов внатрешен развој и надворешна интеграција со Западот, тој мора да работи во рамките на оваа нова реалност – пишува Лес во текстот.

Спонзорирано: