12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Словенија најмногу починати од почетокот на пандемијата

Во Словенија се потврдени 1.302 случаја на нова инфекција со коронавирус, а 59 пациенти починале, што e најмногу досега.

Според последните податоци, епидемијата во Словенија сè уште не се смирува бидејќи вчера неофицијално беа потврдени 1.302 случаја на инфекција со коронавирус со извршени 5.596 теста.

Процентот на позитивни резултати е 23,27 отсто.

Во моментот има 20.337 активни случаи на инфекција во земјата.

Во словенечките ковид-болници има 1.299 пациенти, од кои 204 се на интензивна нега.

Спонзорирано: