12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Бугарија речиси половина од тестираните позитивни на коронавирус

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 3.146 нови случаи, а починале 189 лица, е објавено на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Како што се наведува, од последниот пресек се тестирани 7.224 примероци, што значи дека процентот на позитивни е 43,43 проценти.

Во моментот во Бугарија има 83.671 активен случај.

Хоспитализирани се 6.270 лица, од кои 399 се на интензивна нега, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразени 124.966 лица, од кои 3.069 починале.

Спонзорирано: