8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

(Видео) Кина се обидела да прикрие уште нешто – цел персонал на аеродром на тестирање

Голем број позитивни случаи на Ковид-19 на шангајскиот аеродром предизвика масовни тестирања на илјадници луѓе.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, кинеските власти во неделата побарале целиот персонал на аеродромот да дојде на тестирање. Но, на официјалните фотографии било прикажано дека сè тече според најдобар ред, а вистината била поинаква.

На видеоснимките, оние што властите сè уште не успеале да ги избришат, се гледа вистинската состојба – службениците во заштитни костими им викаат на луѓето, кои се стиснати едни во други, и ги тераат во ограничен простор, каде што се спроведува тестирањето.

Како што пренесува Би-би-си, тестирани се 16.000 луѓе.

Според кинескиот весник „Глобал тајмс“, масовното тестирање почнало во неделата попладне кога неколку работници и нивните блиски контакти добиле позитивен тест на коронавирусот.

Шангај пријави најмалку седум локални случаи од 9 ноември, главно поврзани со аеродромот, откако градот беше ослободен од новопотврдени инфекции за пет месеци.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ пишува дека сите вработени сега ќе мора редовно да се тестираат, а вакцини ќе добијат и оние шот работат на ризични работни места.

Иако ниту една кинеска вакцина сè уште не е целосно одобрена, некои, како медицинскиот персонал, веќе ја примиле дозата.