18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петмина загинати и 18 повредени во терористички напад во сириски Ал Баб

Пет цивили ги загубија животите, додека 18 цивили се повредени при експлозија на автомобил- бомба во областа Ал Баб во Северна Сирија, пренесува „Анадолија“.

Бомбата што е детонирана била поставена во возило во центарот на областа Ал Баб, во провинцијата Алепо, која беше исчистена од терористите со турската операција „Штитот на Еуфрат“ во фебруари 2017 година.

Според првите проценки, во терористичкиот бомбашки напад 5 цивили го загубиле животот, а 18 се повредени. Пожарникарите што пристигнале на местото на настанот интервенираат за да се изгасне пожарот, а ранетите лица се пренесени во болниците во Ал Баб.

Постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите. По експлозијата, настаната е голема материјална штета, а голем број возила не се во употреблива состојба.

Локалните безбедносни сили, кои спроведуваат истрага на местото на настанот, ја потенцираат можноста нападот да го извршила терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под окупација ги држи регионите Тел Рифат и Манбиџ, често организира терористички напади во регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.

Спонзорирано: