19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Криминалот поврзан со тероризам во Русија зголемен за повеќе од една третина во 2020 година

Бројот на злосторства поврзани со тероризам во Русија се зголеми за повеќе од 33 отсто во првите девет месеци од годинава, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи, пренесува ТАСС.

„Дури 1.990 злосторства поврзани со тероризам (пораст од 33,3 отсто) и 708 злосторства поврзани со екстремизам (пораст од 39,9 отсто) се забележани во периодот од јануари до октомври 2020 година“, велат од Министерството.

Според Министерството за внатрешни работи, извршени се вкупно 1,7 милиони злосторства во земјата од почетокот на годината, 1,1 отсто повеќе отколку во истиот период од 2019 година.

Бројот на регистрирани кривични дела е зголемен во 52 региони на земјата и намален во 33 региони. Регистрирани се дури 525.100 кривични дела на јавни места, 10,2 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.

Спонзорирано: