Во претходните 24 часа во Романија се регистрирани 4.207 новозаразени од коронавирус, објави Стратешката комуникациска група (ГЦС). Тоа е намалување во споредба со вчера кога бројот на новозаразени беше 5.837.
Вкупниот број на лица заразени од коронавирус е 422.852, изјави ГЦС, објави „Аџерпрес“.
Во текот на последните 24 часа 130 лица починале од коронавирус така што вкупниот број на смртни случаи е 10.177.
Во специјализирани одделенија во болници има 13.685 лица со Ковид-19, од кои 1.160 се на оддели за интензивна нега.
Вкупно 296.844 лица се излечиле од коронавирусот.
Според податоците на ГЦС, во изминатите 24 часа биле извршени 9.938 теста, а од почетокот на епидемијата биле извршени вкупно 3.908.681 тест.
Спонзорирано: