33.8 C
Скопје
4. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Centar Во тренд...

Хрватски лекар вели дека вирусот силно влијае и врз мозокот

Академик Ивица Костовиќ (77), еден од водечките хрватски невролози и професор на Медицинскиот факултет во Загреб, во интервју за „Вечерњи лист“ вели дека Ковид-19 влијае и на човечкиот мозок, но на научниците сè уште не им е јасно како коронавирусот се шири во мозокот.

Првите трудови ги објавија Кинезите, кои тврдат дека во 50 проценти од случаите откриле микропромени во церебралната циркулација и дека вирусот влијае и оштетува одредени делови од мозокот. Костовиќ истакнува дека ќе бидат потребни многу истражувања за да се утврди какви ефекти ќе има Ковид-19 врз мозокот.

„Ова не може да се открие набрзина“, вели академикот и предупредува дека 30 проценти од трудовите се повлечени од печат токму затоа што биле објавени набрзина. Тој е убеден дека Американците први ќе објават релевантни трудови за ова затоа што имаат 100 милиони заразени и врвни научници. Тој рече дека Ковидот влијае и на менталното здравје и дека 50 проценти од американската популација има некаква форма на ментална болест како резултат на пандемијата.

Можеби ќе ве интересира

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Во Турција од денеска без негативен тест за коронавирус

M T

Ким Џонг -ун ќе ја активира војската во борбата против коронавирусот?

M T

Произведувач на вакцини против коронавирус криел проблеми со квалитетот

M T