17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Турција е единствена земја од НАТО која се бори против ДАЕШ во Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција е единствена земја членка на НАТО која се бори против терористичката организација ДАЕШ во Сирија, пренесува „Анадолија“.

Ердоган преку видеоврска учествуваше на самитот на лидерите на Г20 одржан во рамките на претседавањето на Саудиска Арабија, каде што говореше за разни актуелни теми. Турскиот претседател се осврна на борбата на Турција против ДАЕШ и рече:

„Ние сме единствена земја членка на НАТО, која се бори против ДАЕШ на првите борбени линии во Сирија“.

Тој исто така рече дека Турција прави сè што може за елиминирање на терористичката закана, за спречување на споровите и за зајакнување на стабилноста.

„И покрај што сме оставени сами, досега фативме околу 9.000 странски терористички борци и ги депортиравме во нивните земји“, додаде Ердоган.

Тој говореше и за бегалците што ги згрижува Турција нагласувајќи дека Турција е земја што згрижила најголем број бегалци во светот во последните шест години.

„Треба да ги зајакнеме финансиските извори за хуманитарна помош за зоните погодени од војна и за заедниците што се во ризик“, додаде тој.

Турскиот претседател се осврна на пандемијата на коронавирусот нагласувајќи дека оваа пандемија уште повеќе ги продлабочува проблемите, пред сè, сиромаштијата и нееднаквоста. Меѓу другото, Ердоган нагласи дека неговата земја активно дава придонес во борбата против климатските промени.

„Додека се води борба против загадувањето на животната средина и против климатските промени, не треба да се дозволи појавување нови неправди и нови двојни стандарди“, рече Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека нема шанси да биде успешен еден систем што не му служи на човекот, не му дава спокојство и вредност на човекот и кој не осигурува правда и безбедност.

Спонзорирано: