12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Австриски министер: Следните две недели oд клучно значење

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Ансшобер, изјави дека мерките почнуваат да стапуваат во сила, но дека следните две недели се одлучувачки во борбата против ширењето на коронавирусот.

„Вториот бран е силен и ја погоди цела Европа. Тешко е да се дејствува против него. Но, пандемијата не е природна катастрофа. Во борбата против пандемијата сè е во наши раце и ние како општество мора да направиме нешто против тоа“, рече Ансшобер на прес-конференција.

Тој потсети дека денес е 21. ден од делумното затворање на земјата и речиси една недела од целосното затворање. Според него, бројот на новоинфицирани сè уште е исклучително голем, драматично голем, но може да се види дека мерките полека почнуваат да влијаат.

„Сега сè зависи од следните две недели“, рече Ансшобер и апелира до граѓаните да ги намалат сите контакти што не се потребни.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T