3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Италија одобри 10 милијарди евра помош за компаниите погодени од пандемијата

Италијанската влада одобри пакет помош од 10 милијарди евра за компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на коронавирус.

Според мерките донесени вчера вечерта, Рим веднаш ќе понуди неповратни 1,95 милијарди евра за бизниси и помош во храна за сиромашните.

Владата подготвува дополнителни осум милијарди евра за постојните програми за помош.

Италија, поради затворањето на земјата со цел борба против епидемијата, годинава очекува економски пад од најмалку девет проценти. Министерството за финансии додава дека новите мерки не треба да го туркаат буџетскиот дефицит оваа година над сегашните 10,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Владата има намера да потроши дополнителни 15 до 20 милијарди евра за да и помогне на економијата на почетокот на следната година.

Според Министерството за здравство, Италија вчера регистрирала 37.242 нови случаи на инфекција и 699 смртни случаи од ковид-19.