11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче закопа 39 граѓани за еден ден, а Заев во кризна состојба оди на избори

Зоран Заев прогласи кризна состојба на целата територија на државава, а Венко Филипче закопа 39 лица за едно деноноќие. И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А само во Штип за последното денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Што направија Филипче и Заев? Закопаа 1426 граѓани од почеток на кризата, наместо живот спремаат избори во кризна состојба, подготвуваат корона кланица. Филипче ја стави Македонија на врвот на регионалната листа по починати лица од корона вирусот.

Филипче ја стави Македонија на загрижувачко трето место од 22 земји од европскиот континент во процентот на смртни случаи од бројот на заразени граѓани. Последнава недела во земјава умирал по еден човек на секој саат време.

Време е за одговорност, починатите не се само бројка, тоа се мајки, татковци, браќа, сестри… Филипче, оставка веднаш!“ се наведува во партиското соопштение.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T