18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Познато кога луѓето со коронавирус се најзаразни- Раната идентификација и изолација се клучните мерки

Истражувачите дадоа јасно објаснување зошто коронавирусот се шири поефикасно од Sars-CoV и Mers-CoV и зошто е позаразен.

Луѓето кои што се заразени со коронавирус најзаразни се во првата седмица од појавата на симптомите, сугерира истражувањето кое што било спроведено на Универзитетот „St Andrevs“.

Истражувањето покажало дека најголемиот ризик од пренесување на вирусот е во првите пет дена од појавата на симптомите, а истражувачите еднаш ја истакнале потребата за рано откривање и изолирање на такви случаи.

Исто така истражувајќи го генетскиот материјал на коронавирусот, тие откриле дека респираторните примероци и неколку седмици по заразувањето можат да детектираат траги од вирусот.

Зошто е важно откривањето на контактите?

Д-р Муг Цевик, водечкиот истражувач од Универзитетот истакнува дека ова е прво истражување на кое што му претходело системско собирање на податоци, а потоа и испитување на траги од тројца луѓе заразени од коронавирусот.

Истражувачите дале јасно објаснување зошто коронавирусот се шири поефикасно од останатите вируси и зошто е позаразен.

Нивните наоди во состав со раните истражувања сугерираат дека во поголем дел од случаите вирусната трансмисија се јавила многу рано, а особено во првите пет дена од појава на симптомите. Тоа јасно укажува на важноста на самоизолацијата веднаш по почетокот на симптомите.

Во самоизолација 10 дена

Нагласено било и колку е важно да се подигне свеста во јавноста за различните симптоми кои што се поврзани со болеста.

Истражувањето сугерира дека коронавирусот е најзаразен во првата седмица по појавата на симптомите. Особено биле проучувани луѓето кои што биле заразени со Ковид-19, оние кои што биле примени во болница.

Многу од земјите им препорачуваат на луѓето самозиолација од 10 дена, што е целосно во состав со истражувањето за кое што станува збор. Иако истакнуваат дека првите пет дена од инфекцијата се најзаразни, сепак периодот на самоизолација кој го препорачуваат е најмалку 10 дена.

Спонзорирано: